Утрински Весник
Спорт

Кари и Грин го решија Сакраменто, Ембид доминираше во Бостон

Кари и Грин го решија Сакраменто, Ембид доминираше во Бостон

Стеф Кари и Дрејмонд Грин од Голден стејт, Дижонте Мареј од Сан Антонио, Руди Гобер од Јута и Џоел Ембид од Филаделфија, ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.

Голден стејт Вориорс, против Сакраменто Кингс, ја забележаа четвртата победа на последните пет натпревари. До победата 113:98 ги предводеа Стеф Кари со 30 поени и Дрејмонд Грин со трипл-дабл од 16 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Јута Џез против Шарлот Хорнетс ја прекинаа мини серијата од два порази. Џезерите славеа со 112:102, благодарение на фрнацускиот центар Гобер. Тој забележа дабл-дабл од 23 поени и 21 скок.

Сан Антонио славеа победа во Калифорнија, против ЛА Клиперс 116:92. До победата ги предводеше Дижонте Мареј со 24 поени, 12 скока и 13 асистенции.

Филалдефија славеше во Бостон над Селтикс со 108:103. Селтикс немаа одговор за сјајната партија на Џоел Ембид. Камерунецот забележа 41 поен, 10 скока и пет асистенции. Одличен меч одигра и неговиот соиграч Срт Кари (26 поени, 7 асистенции). На спротивната страна се истакна Џејлен Браун со 30 поени.



> Кари и Грин го решија Сакраменто, Ембид доминираше во Бостон <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД