Утрински Весник
Свет

Французинка ги излажала лекарите дека е вакцинирана, починала од коронавирус

Французинка ги излажала лекарите дека е вакцинирана, починала од коронавирус

Околу 182.000 фалсификувани пропусници за Ковид-19 се појавија во Франција откако беше воведена мерката ова лето, соопшти владата, засилувајќи ги контролите додека земјата се бори со нов бран на инфекција и особено заразниот нов сој омикрон.

Пред неколку дена и официјално беше објавено дека во земјата циркулираат фалсификувани сертификати. Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин извести дека се уапсени околу сто лица.

Неколку дена претходно, 57-годишна жена која добила лажен сертификат за вакцинација му кажала на медицинскиот персонал дека била вакцинирана, починала од Ковид-19 во болница во близина на Париз.

Таа имала тешка форма на Ковид-19 што брзо довело до акутен респираторен синдром, пренесуваат тамошните медиуми. Доколку лекарите знаеја дека не е вакцинирана, можеа да и дадат антитела веднаш, рече Џилали Анане, шеф на одделението за интензивна нега во болницата.

Владата се надева дека ќе ги усвои новите предложени ковид-мерки кон крајот на јануари и дека тие ќе стапат во сила веднаш.

Можете да прочитате

Австрија има најмногу туристи во светот

Макрон, Мерц и Зеленски се сомневаат дека Америка ќе ги предаде

Разбиена европска мрежа за крипто измами што испрала повеќе од 700 милиони евра