Утрински Весник
Магазин

Бред Пит наполни 58, со нетрпение ја очекува престојната година

Бред Пит наполни 58, со нетрпение ја очекува престојната година
Dik 300x250 mk

Бред Пит го прослави својот 58. роденден во саботата скромно со неколку пријатели, пренесоа американски медиуми.

Извори блиски до актерот претходно изјавија за „Пипл“ дека не планира да прави голема забава. „Планира да има скромен роденден, мала дружба со пријатели.“

„Пит веќе имаше успешна година и тој со нетрпение очекува да дојде уште подобра,“ додаде изворот.
Пит годинава заврши со снимање на два филма со Сандра Булок, The Lost City и Bullet Train.

Актерот се обидува да остане со позитивен став и со нетрпение ја очекува претстојната година додека сè уште е во жестока битка со поранешната сопруга Анџелина Џоли за старателство над нивните малолетни деца.

Пит и Џоли се во битка за старателство над децата уште од 2016 година. Некогаш најславниот холивудски пар имаат шест деца, Медокс (20), Пакс (18), Захара (16), Шајло (15) и близнаците Вивиен и Нокс (13).

Можете да прочитате

Флејти и пијано во совршена хармонија – концерт на триото „Анимато“ во Тирана

„Ватсап“ со нова апликација за „Епл вач“

Најмалите деца најмногу шират вируси