Утрински Весник
Спорт

Службени 3:0 за Рен – Тотенхем испадна од Конференциската лига

Службени 3:0 за Рен – Тотенхем испадна од Конференциската лига

УЕФА соопшти дека фудбалскиот клуб Тотенхем испадна од Конференциската лига.

Европската фудбалска унија, го одложи натпреварот од последното коло помеѓу Тотенхем и Рен. Лондонскиот клуб во тој момент не можеше да состави тим, поради големиот број на заразени со коронавирусот.

Рен и без овој натпревар го освои првото место во групата,а Тотенхем со Витесе се бореше за второто место. Победа во овој меч му гарантираше место на Тотенхем во 1/16 финалето.

УЕФА, во понеделникот, објави дека неодиграниот натпревар е регистриран со службен резултат во корист на Рен. УЕФА донесе ваква одлука, поради неможноста да најде место во календарот за да се одигра натпреварот.

Ова значи дека Витесе го освои второто место во групата и во 1/16 финалето ќе игра против Рапид Виена.

> Службени 3:0 за Рен – Тотенхем испадна од Конференциската лига <

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија