Утрински Весник
Магазин

Почина Карлос Марин, баритонот на „Ил Диво“

Почина Карлос Марин, баритонот на „Ил Диво“
Dik 300x250 mk

Шпанскиот пејач Карлос Марин, член на квартетот „Ил Диво“, почина на 53-годишна возраст во Кралската болница во Манчестер.

Преостанатите членови на вокалната група ја објавија веста за смртта на нивниот пријател на својата веб-страница во неделата вечер.

Марин бил примен во болница овој месец во текот на новогодишната турнеја во Велика Британија. На пејачот му се слошило на 7 декември и бил ставен во медицинска индуктивна кома. Не е прецизирана болеста, пренесува „Би-би-си“.

Некои медиуми објавија дека тој починал од коронавирус.

Споделувајќи ја веста за неговата смрт во неделата вечер на Твитер, „Ил Диво“ соопшти: „Со тешко срце ве известуваме дека почина нашиот пријател и партнер Карлос Марин.

„17 години ние четворица бевме заедно на ова неверојатно патување на Ил Диво“, напишаа членовите на групата, Дејвид Милер, Себастиен Изамбард и Урс Билер во спомен на починатиот пејач.

„Никогаш нема да има друг глас и дух како Карлос“, напиша „Ил Диво“.

Марин е дел од „Ил Диво“ од неговото основање во 2003 година. Четворцата се познати како пионери на оперскиот поп и имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми ширум светот.

Во квартетот тој беше баритон, Урс и Дејвид се тенори, а Себастијан е поп изведувач.

Можете да прочитате

Овие работи никогаш не ги внесувајте на празен желудник – еве зошто

Средствата за дезинфекција на раце можат да предизвикаат рак?

Jala Brat и Buba Corelli на барање на македонската публика закажаа втор концерт во СЦ „Јане Сандански”!