Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски докторирал во Црна Гора додека таму амбасадор бил неговиот татко

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски докторирал во Црна Гора додека таму амбасадор бил неговиот татко

Ковачевски покрај што лажеше за курсот на Харвард, докторирал во Црна Гора додека таму амбасадор бил неговиот татко, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Во биографијата која самиот Ковачевски ја објавил стои дека докторирал на Економскиот факултет на Универзитетот во Црна Гора во 2008 година. Амбасадор на Македонија во Црна Гора тогаш е неговиот татко Слободан Ковачевски. Дали и како влијаел таткото на Ковачевски при добивање на неговиот докторат?

За докторски студии потребно е докторантот да престојува во земјата каде се наоѓа Универзитетот, да врши истражувања и друг вид активности. Ковачевски во периодот кога бил на докторски студии бил на раководна позиција во Македонски Телеком. Дали и како Ковачевску го посетувал Универзитетот во Црна Гора?

Какво влијание имал Слободан Ковачевски, таткото на Димитар Ковачевски при неговото докторирање? Ковачевски манипулираше со Харвард, дали манипулирал и со докторатот?“ прашуваат од партијата.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт