Утрински Весник
Свет

Помал авион се урна во Австралија: загинаа четири лица, меѓу кои и деца

Помал авион се урна во Австралија: загинаа четири лица, меѓу кои и деца

Во авионска несреќа во Австралија загинаа четири лица, меѓу кои две деца.

Мал авион во неделата се урна во морето во близина на брегот на австралиската држава Квинсленд. Нуркачите од урнатините ги извлекле телата на двајца возрасни, меѓу кои и 69-годишен пилот и две деца.

Инспекторот Крег Вајт се уште не ја прецизира точната возраст на децата, но рече дека се помлади од тинејџерите, пишува АП.

Портпаролот на австралиската канцеларија за безбедност на транспортот, Ангус Мичел, истакна дека истрагата е во тек и дека прелиминарните наоди укажуваат дека несреќата се случила набргу по полетувањето.

Можете да прочитате

Трамп: Да не сме ние, Иран ќе го уништи Израел, а потоа ќе се упати кон Западот

Рубио: САД и Украина преговараат за производство на ракети за системот „Патриот“

Излегоа монетите со ликот на Трамп