Утрински Весник
Спорт

Аморим ќе го наследи Рангник на клупата на Манчестер јунајтед?

Аморим ќе го наследи Рангник на клупата на Манчестер јунајтед?

Ралф Рангник до крајот на сезоната ќе го предводи Манчестер јунајтед, потоа ќе остане во клубот и ќе работи како советник. Германецот треба да реши кој ќе биде новиот менаџер на „црвените ѓаволи“.

Англиските медиуми тврдат дека Рангник го означил, Рубен Аморим, за нов тренер.

Аморим ги предводи „лавовите“ од Лисабон од 2020 година. Спортинг на Брага за тренерот плати обесштетување од 10.000.000 евра.

Со Аморим на клупата, Спортинг, по пауза од 19 години ја освоија титулата во Португалија, а оваа сезона успеаја да се пласираат во 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

> Аморим ќе го наследи Рангник на клупата на Манчестер јунајтед? <

Можете да прочитате

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка