Утрински Весник
Спорт

Влаховиќ ги одбил милионите на Њукасл

Влаховиќ ги одбил милионите на Њукасл

Душан Влаховиќ и неговиот менаџер го одбиле Њукасл јунајтед. „Раи спорт“, објави дека фудбалерот нема намера да се сели на „Сент Џејмс парк“ и покрај тоа што Њукасл понудиле 100.000.000 евра.

Намерата на најдобриот стрелец во Серија А е да остане во Фиорентина до крајот на сезоната, а потоа да се пресели во Јувентус.

Овој извор шпекулира дека Влаховиќ со Јувентус ги договорил личните услови. Како сега стојат работите, во летниот преоден рок, ќе остане да се договори потешкиот дел, трансферот во Јувентус. Не е тајна дека Фиорентина и Јувентус, поради некои трансфери во минатото, не се во добри односи.

Наводно покрај Њукасл и Јувентус, за услугите на Влаховиќ се заинтересирани Атлетико Мадрид, Тотенхем и Арсенал.

> Влаховиќ ги одбил милионите на Њукасл <

Можете да прочитате

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка