Утрински Весник
Македонија

Заев-Ахмети-Ковачевски: Владата има капацитет да ги решава предизвиците со Бугарија, следни избори во 2024 година

Заев-Ахмети-Ковачевски: Владата има капацитет да ги решава предизвиците со Бугарија, следни избори во 2024 година

Претседателот на Владата, Зоран Заев, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево имаа работна средба заедно со своите тимови, во рамки на консултативните средби за владините приоритети, за преземањето одговорности и за одржувањето и надградувањето на владиното и парламентарно мнозинство.

На средбата беше потврдено дека исполнета е целта да се обезбедат стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство кои дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и во интерес на државните интереси.

Заев, Ахмети и Ковачевски се согласни дека новата Влада ќе биде целосно фокусирана на забрзано движење на државата по евро-атлантскиот пат и дека целта е првиот голем успех на Владата да биде наоѓањето решенија за предизвиците во односите со Бугарија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Тројцата заклучија дека следните парламентарни избори очекувано е да бидат редовни и да се одржат во 2024 година, а до тогаш Владата ќе испорача економски резултати, брзи и квалитетни услуги кон граѓаните и успешно справување со пандемиската и со енергетската криза

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да си ги решава состојбите во партијата, а не да се жали дека други се криви што СДС се распаѓа

15 годишник со „Мерцедес“ удрил во велосипедист во Куманово

Инспекторката од АХВ барала мито од 250 евра, сега ОЈО за неа бара притвор