Утрински Весник
Спорт

Резултатите му пресудија – Пашутин го напушти Локомотив

Резултатите му пресудија – Пашутин го напушти Локомотив

Рускиот тренер Евгениј Пашутин замина од Локомотив Кубан. Тренерот поднел оставка по синоќешниот пораз во Хамбург (100:82) во Еврокупот.

Локомотив тим составен од врвни играчи, со цел да се освои Еврокупот, игра под сите очекувања од почетокот на сезоната. Во Еврокупот, во А-групата, се наоѓа на третото место со скор од пет победи и два порази.

Клупските челници објавија дека Пашутин ќе го замени асистентот Бранко Максимовиќ.

Српскиот тренер во кариерата работел во ФМП, Мадост, Вршац, Интер Братислава и Хандлава.

На клупата на Локомотив ќе дебитира наредната среда, кога во Кубан ќе гостува Партизан.

> Резултатите му пресудија – Пашутин го напушти Локомотив <

Можете да прочитате

Светски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг” во Скопје

Тренер по кревање тегови во Грција набавувал и снабдувал спортисти со допинг супстанции

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите