Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Русија се однесува како агресор кон Украина

Столтенберг: Русија се однесува како агресор кон Украина

НАТО верува дека Русија се однесува како агресор кон Украина и тоа мора да се промени, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, на прес-конференција по средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленски во Брисел.

„ Гледаме значителна акумулација на воени сили околу Украина, тенкови и многу опрема. Тоа е неоправдано и ја поткопува безбедноста на Украина и Европа“, рече Столтенберг, пренесува „Интерфакс“.

Тој нагласи дека НАТО нема да прави компромиси за правото на Украина да го избере својот пат, ниту пак за правото на Алијансата да ги штити и брани своите сојузници.

Столтенберг додаде дека соработката на НАТО со Украина е од одбранбен карактер и не претставува закана за Русија.

Можете да прочитате

Поплави во Банкок, прогласена природна катастрофа

Британски планинар (28) паднал од врв во Шпанија и починал

Бразил воведува целосна забрана за онлајн обложување