Утрински Весник
Свет

Во Франција откриени 110.000 лажни ковид-сертификати

Во Франција откриени 110.000 лажни ковид-сертификати

Во Франција циркулираат 110.000 лажни ковид-сертификати, објави „Франс прес“, повикувајќи се на извори блиски до министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин.

„Имаше повеќе од сто апсења во 400 истраги што беа отворени откако ковид-сертификатите станаа задолжителни на некои места ова лето“, изјавил Дарманин за телевизијата Франс 2.

Апсењата се однесуваат и на корисниците на лажни сертификати и на мрежата што ги продава, објаснуваат изворите.

„Проблемот со лажните сертификати е што тие често се издаваат во соработка со лекари или медицински сестри“, рече министерот, велејќи дека тоа е тешко да се докаже.

„Затворски казни се веќе изречени, пред сè за корисниците на сертификатите“, рече Дарманин, додавајќи дека казните можат да бидат и до пет години.

Сепак, тој додаде дека е за прекин на истрагите против оние кои имаат лажен сертификат, но се подготвени да ги почитуваат правилата.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking