Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Златан во посета на папата, си размениле книги

Златан во посета на папата, си размениле книги
Img 7972

Златан Ибрахимовиќ ја искористи посетата на Рим да отиде на средба со папата Франциск во Ватикан, одбележувајќи го ова со пост на социјалните мрежи со порака „Мир и љубов“.

Според „Ла газета дело спорт“, Швеѓанецот му донел подарок на предводникот на католичката христијанска црква.

„Ви донесов нешто што сакав да ви го дадам лично. Ова е дел од мојата приказна, опис на мојот живот“, му кажал Златан на папата подарувајќи му ја автобиографијата „Адреналин“.

Папата му вратил на Златан со подарок на книгата „Спортот според папата Франциск“, а Златан му подарил и потпишан дрес од Милан.

„Дали ги сакате Милан? Со овој дрес правам малку магија на теренот“, порачал Ибрахимовиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic)

Ибрахимовиќ: Не верувам во Бог, верувам само во себе

> Златан во посета на папата, си размениле книги <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН