Утрински Весник
Свет

Малта прва во ЕУ легализира канабис за рекреативна употреба, но ќе го казнува пушењето на јавни места

Малта прва во ЕУ легализира канабис за рекреативна употреба, но ќе го казнува пушењето на јавни места
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Малта стана првата земја во ЕУ што допушти употреба, купување и одгледување на канабис за рекреативна употреба.

Парламентот на Малта го одобри законот со 36 гласа „за“ и 27 „против“. Сега законски им се дозволува на возрасните лица во Малта да поседуваат до седум грама марихуана и да одгледуваат до четири билки.

Исто така, се формира агенција за регулирање на продажбата на марихуана за лична употреба, рече министерот за еднаквост Овен Боничи. Марихуаната ќе ја продаваат непрофитни здруженија.

Пушењето марихуана на јавно место останува нелегално, а пушењето марихуана пред деца ќе се казнува од 300 до 500 евра.

Боничи ги отфрли критиките дека законот ќе ја зголеми употребата на дрога.

„Владата на ниту еден начин не ги охрабрува возрасните граѓани да користат марихуана или да промовираат култура на нејзина употреба. Владата секогаш ги советува луѓето да имаат поздрав избор“, рече тој во напис за „Сандеј Тајмс оф Малта“.

Малта сака да биде и европски лидер во производството на медицинска марихуана, па во 2018 година усвои закон со кој се дозволува производство на марихуана за медицински и истражувачки цели.

Холандија, исто така, има либерален став за марихуаната, дозволувајќи продажба на мали количини иако таа е официјално нелегална.

Можете да прочитате

130.000 домаќинства и компании во Сан Франциско останаа без струја

Шведската царина врши контрола на руски брод под санкции

Зеленски бара уште една средба со европските сојузници