Утрински Весник
Свет

Терористички напад на аеродромот во колумбискиот град Кукута – има загинати

Терористички напад на аеродромот во колумбискиот град Кукута – има загинати

Две експлозии одекнаа денеска на аеродромот во колумбискиот град Кукута, во североисточната гранична зона кон Венецуела, за што властите обвинуваат терористи.

Колумбиските власти соопштија дека во првата експлозија загинало лице кое носел експлозивна направа, додека во втората детонација загинале двајца полицајци, пренесува РИА Новости.

Зад нападот стојат терористи, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на соопштение на надлежните органи, кои тврдат дека недалеку од пистата на аеродромот е забележан еден маж со експлозив, како и дека се убиени двајца полицајци кои го пронашле сомнителниот пакет.

Експлозијата доведе до прекин на летовите на аеродромот и оштети неколку згради.

Можете да прочитате

Претставничкиот дом на САД гласаше за помош од 9 милијарди долари за Украина

Трамп ја поздрави можноста за средба меѓу Путин и Зеленски

Зеленски испрати писмо до Путин: Предлагам крај на војната