Утрински Весник
Македонија

Со 6 специјални возила ќе се чисти снегот во Општина Центар

Со 6 специјални возила ќе се чисти снегот во Општина Центар

Зимската служба на Општина Центар е подготвена за справување со евентуалните снежни врнежи.

Склучен е договор со компанијата „Анизор“ и вкупно 6 специјални возила за отстранување на снег се ставени на располагање на општината во наредниот период.

Со 2 возила со плуг и соларка, 3 специјални возила за отстранување снег (до 3, 6, 8 и 12 тони сол) и еден тн. хорхет, машина за чистење тротоари, Општина Центар подготвена ќе ги дочека првите врнежи на снег.

Општината е во секојдневна комуникација со граѓаните од населбите на нејзина територија и во координација со градските служби, е подготвена веднаш да делува во случај на евентуални снежни наноси.

Можете да прочитате

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со американскиот претседател Доналд Трамп

Мајка од Тетово ја тепала малолетната ќерка, а десетмесечното бебе го оставала само

Малолетник нападнал друг малолетник со тврд предмет во Ѓорче Петров