Утрински Весник
Македонија

Одложено рочиштето за предметот ТНТ

Одложено рочиштето за предметот ТНТ

Главната расправа за предметот „Т.Н.Т.” што требаше да се одржи денеска, е презакажана за 22 декември, поради спреченост на обвинителот и на дел од обвинетите, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

„ Главната расправа за предметот со КОК бр. 53/17, од обвинителството означен како „Т.Н.Т.”, насрочена за 14.12.2021 година се презакажува заради спреченост на обвинителот и дел од обвинетите да присуствуваат на судењето од здравствени причини, соопшти Основен кривичен суд Скопје. Оттаму додаваат дека следниот термин за продолжување на главната расправа е на 22 декември од 10:00 часот за што, странките во постапката, веќе биле иизвестени.

Случајот „Т.Н.Т” се однесува за уривањето на комплексот „Космос” на инвеститорот Фијат Цановски.

Обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Можете да прочитате

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран