Светскиот рекет број 2, Данил Медведев, вели дека има месеци во годината во кои може да заработи и до 3 милиони долари, но дека исто така има времиња во кои не може да стигне ниту до 50.000 долари.
Русинот вели дека во тенисот се заработуваат добри пари, но додава дека и трошоците што ги имаат тенисерите не се за занемарување.
„Да бидам искрен, има месеци во кои можеш да добиеш до 3 милиони долари. Ако, на пример, освоиш гренд слем. Но, некој месец не стигнуваш ниту до 50.000 долари. А трошоците се фиксни, особено за одржување на тимот околу тебе. Тука е тренерот, физичкиот тренер, но понекогаш доктор и физиотерапевт, а тоа не е лесно бидејќи им плаќаш билети, сместување и секој има своја плата и процент според перформансите. Да, можеш да патуваш без тим или тренер, но тогаш нема да стигнеш до посакуваните резултати“, вели Медведев.
> Медведев: Некој месец ќе заработиш 3 милиони, некој ниту 50.000 долари <