Утрински Весник
Македонија

Општина Куманово во преговори за нови 2000 вработувања во „Дрекслер Маер“

Општина Куманово во преговори за нови 2000 вработувања во „Дрекслер Маер“

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и германската амбасадорка Анке Гизеле Холштајн денеска по работната средба го посетија производниот капацитет на компанијата од автомобилска индустрија „Дрекслер Маер груп“ во индустриската зона Новини и Речица.

Во изјава за медиуми, Димитриевски информираше дека како општина се во преговори со менаџментот на оваа компанија за отворање на дополнителен капацитет во којшто би имале можност во следниот период од две години да се вработат повеќе од 2000 сограѓани.

„Приоритет за општина Куманово, но и мене како градоначалник е да се развива локалната економија и да се дадат еднакви можности за инвестиција како на странските, така и на натамошните инвеститори. Со амбасадорката разговаравме на повеќе отворени теми. Напрвин, соработката на општина Куманово со амбасадата е на исклучително високо ниво. Ја користам оваа пригода да се заблагодарам и на амбасадорката, но и на претставници на амбасадата и секако на граѓаните на Германија за последната донација којашто ја добивме во време на корона-кризата на
нашата градска болница. Денеска потврдивме дека таа соработка ќе продолжи. Општина Куманово е секогаш отворена за соработка со сите амбасади, но особено ни е драго што со германската амбасада имаме едно високо ниво на разбирање и соработка. Разговаравме на поголем број теми и за нас приоритет е локалниот економски развој и развојот на
економијата во градот и нашата индустриска зона Новини и Речица“, рече Димитриевски.

Германската амбасадорка Холштајн му честиташе за новиот мандат на Димитриевски и му посака успех за наредните четири години во менаџирањето на општината.

Можете да прочитате

Јавниот повик е распишан: Следува набавка на 120 електрични еколошки автобуси

Од 1 јули целосно се забранува движењето низ македонските шуми

Влен: Со законот за правична застапеност, Албанците ќе бидат во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката