Утрински Весник
Свет

Во Унгарија потврдени првите два случаи на омикрон

Во Унгарија потврдени првите два случаи на омикрон

Првите два случаи на коронавирус од сојот омикрон се пријавени во Унгарија, објави денеска генералниот хирург Сесилија Милер, додавајќи дека видот делта сè уште е доминантен кај повеќето заразени со коронавирус.

Според податоците објавени на веб-страницата на унгарската влада, во текот на викендот од последиците на корона вирусот починале 455 пациенти, а регистрирани се 16.017 нови случаи.

Од почетокот на пандемијата, во Унгарија се регистрирани 1.198.939 случаи на коронавирус, додека од оваа инфекција починале 36.884 лица.

Можете да прочитате

Бродови нападнати од дронови во Црното Море, Романија подигна авиони

Намјалку 12 загинати, 16 повредени во автобуска несреќа во Иран

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија