Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ништо ново во Белата палата, ВМРО-ДПМНЕ си останува исто и нереформирано

СДСМ: Ништо ново во Белата палата, ВМРО-ДПМНЕ си останува исто и нереформирано

„Ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ. Во Белата плата ништо не се менува. Опозициската партија на конгрес, на кој се беше однапред познато, како наследник на Христијан го избра Мицкоски.

Што може ново да понуди политичарот без став Мицкоски, кој изминатиот период покажа дека знае само да блокира и кочи се што е во интерес на граѓаните, дека е против сите успеси на државата. Ништо.

ВМРО-ДПМНЕ остаува во минатото, со враќање на стари, истрошени кадри, како кумот на Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Зоран Ставрески на партиски позиции.

Човекот што ја презадолжи државата за финансирање на лудилото Скопје 2014, и трошеше за чоколадо кога немаше ни за леб, сега ќе ја контролира работата на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека ВМРО-ДПМНЕ останува во својата деструктивност и стремежите за враќање во минатото, во режим, СДСМ поставува највисоки демократски стандарди на македонската политичка сцена.

Ете тоа го гледа и јавноста. Во нереформираното ВМРО-ДПМНЕ останува се по старо“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Уапсени 11 возачи, петмина возеле без положен возачки испит, а тројца под дејство на алкохол

Во изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство

Реакција на ДУИ на прес-конференција на ВЛЕН за Алта банка