Утрински Весник
Свет

Медиумски магнат осуден на тринаесет месеци затвор

Медиумски магнат осуден на тринаесет месеци затвор

Судот во Хонгконг денеска го осуди активистот и медиумски магнат Џими Лаи на 13 месеци затвор поради повикување на учество на минатогодишното забрането бдеење во спомен на жртвите од задушувањето на демонстрациите на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.

Окружниот суд осуди уште седум лица за слични обвиненија и изрече казни до 14 месеци, пренесува агенцијата АП.

Властите обвинија повеќе од 20 продемократски политичари и активисти за минатогодишното бдеење во спомен на жртвите од смртоносниот судир во Пекинг во 1989 година.

Можете да прочитате

Зеленски: Ограничувањата на SpaceX нè спречуваат да соборуваме руски дронови

Бродови нападнати од дронови во Црното Море, Романија подигна авиони

Намјалку 12 загинати, 16 повредени во автобуска несреќа во Иран