Утрински Весник
Македонија

19-годишник излета со возило од булеварот Борис Трајковски во Скопје

19-годишник излета со возило од булеварот Борис Трајковски во Скопје

Младо момче се здоби со тешки телесни повреди по сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата од булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „Саса-2“.

„Патничко возило ‘шевролет спарк’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(19) од Скопје, излета надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби сопатникот во возилото М.Ч.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

ОЈО бара притвор за сите четири осомничени лицa во акцијата за спорна набавка во Царина

Косовар баран со потерница уапсен на Блаце

Повредени двајца работници во Гостивар