Утрински Весник
Свет

ЕУ разгледува нови санкции за Русија

ЕУ разгледува нови санкции за Русија
Dik 300x250 mk

Европската унија разговара со САД и Велика Британија за можна нова рунда економски санкции против Русија, но денеска нема да бидат донесени одлуки, изјави висок европски дипломат.

„Ние сме во режим на одвраќање“, изјави за новинарите високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џузепе Борел, по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

„ Во секој случај ќе испратиме јасен сигнал дека секоја агресија против Украина ќе има висока цена за Русија. Ние заедно со САД и Велика Британија координирано размислуваме какви санкции би можеле да бидат и кога би можеле да се воведат“ додаде Борел.

Европски дипломати за „Ројтерс“ изјавија дека дискусијата се фокусирала на потенцијалното постепено зголемување на интензитетот на сите санкции, од можни забрани за патување и замрзнување на имотот на моќните членови на руската политичка елита до забрана на сите финансиски и банкарски врски со Русија.

Санкциите за гасоводот Северен тек 2, во обид да се спречи функционирањето, се исто така една од опциите.

Европската унија, заедно со САД, воведоа економски санкции кон Русија во јули 2014 година, насочени кон нејзиниот енергетски, банкарски и одбранбен сектор, а сега размислуваат за понатамошни дејствија доколку Русија тврди дека ќе се обиде да ја нападне Украина, наведува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп