Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ рамо до рамо со Меси и Роналдо – 300 гола во топ 5 лигите во Европа

Ибрахимовиќ рамо до рамо со Меси и Роналдо – 300 гола во топ 5 лигите во Европа

Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ (40) синоќа во судиското надополнување го спаси својот Милан од пораз кај Удинезе, а со тоа влезе во историја – трет фудбалер кој успеал да дојде до 300 гола во петте најсилни фудбалски лиги во Европа.

Досега ова им успеало само на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси. Роналдо има 483 гола, а Меси 475 гола во „Лига петка“.

Ибрахимовиќ во својата кариера преку Малме и Ајакс, во најсилните пет лиги играше и даваше голови за Интер, Милан и Јувентус (Серија А), ПСЖ (Франција), Барселона (Шпанија). Постигна 23 гола за Јувентус, 57 за Интер, 16 за Барса, 113 за ПСЖ, 17 за Манчестер Јунајтед и 74 за Милан.

Сезонава Ибра игра во одлична форма – на 9 натпревари постигна 6 гола.

> Ибрахимовиќ рамо до рамо со Меси и Роналдо – 300 гола во топ 5 лигите во Европа <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД