Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Тејлор Свифт се соочува со судење за авторски права

Тејлор Свифт се соочува со судење за авторски права
Img 7972

Поп ѕвездата Тејлор Свифт ќе мора да се соочи со тужба од двајца текстописци кои тврдат дека пејачката, добитник на „Греми“, копирала нивен текст за хитот Shake It Off од 2014 година, одлучи судија во Калифорнија.

Во одлуката објавена во четвртокот, окружниот судија Мајкл В. Фицџералд не се согласи со обидот на Свифт да ја отфрли тужбата во која се вели дека зела текст од песната Playas Gon ‘Play (2014) на аренби бендот 3LW.

Фицџералд рече дека има „некои забележливи разлики меѓу двете песни, но и доволно објективни сличности“, поради што случајот треба да оди на судење со порота.

Портпаролката на Свифт немаше коментар на ваквата одлука. Во 2017 година, претставници на Свифт го нарекоа тврдењето на текстописците за кршење на авторските права „смешен обид за грабање пари“.

Шон Хол и Нејтан Батлер тогаш ја тужеа Свифт и бараа оштета Нивниот случај беше отфрлен во 2018 година, но тие поднесоа жалба.

Во Shake It Off, Свифт пее: „играчите ќе играат, играат, играат, играат, играат, а хејтерите ќе мразат, мразат, мразат, мразат, мразат“.

Во Playas Gon ‘Play, напишана од Хол и Батлер, има стих „играчи, тие ќе играат, а хејтери, тие ќе мразат“.

 

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?