Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Казни за 218 возачи во Скопје, 53 биле во алкохолизирана состојба

Казни за 218 возачи во Скопје, 53 биле во алкохолизирана состојба
300x250 opst2

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 218 казни, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 53, 22 санкции за возење без возачка дозвола, 20 мерки за возење повеќе од дозволената брзина.

Изречени биле и 10 казни за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 санкции за некористење сигурносен појас, 11 мерки за возач почетник, девет за користење мобилен телефон.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ