Утрински Весник
Спорт

Ибрахимовиќ спречи пораз на Милан во Удине

Ибрахимовиќ спречи пораз на Милан во Удине

Милан не успеа да слави против Удинезе во 17.коло, во Серија А. Милан од пораз го спаси Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот голот за 1:1 го постигна во 92.минута.

Лидерот на табелата одигра лош натпревар на „Дачија арена“ во Удине. Имаа играчите на Стефано Пиоли среќа во неколку ситуации и на крајот успеаја да се извлечат од пораз.

Удинезе беа подобри во првиот дел, кога и го постигнаа голот, преку Бето во 19.минута. Во вториот дел домашните играчи се определија да ја чуваат предноста.

Милан на врвот сега има два бода повеќе од Интер и Наполи. Овие два тима утре ќе ги играат против Каљари, односно Емполи.

Удинезе со осмото реми во 17 натпревари се наоѓаат на 15.место.

Македонецот Илија Несторовски натпреварот го гледаше од клупата за резерви.



> Ибрахимовиќ спречи пораз на Милан во Удине <

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија