Утрински Весник
Македонија

Царовска по повод Меѓународниот ден за човекови права: Обезбедуваме еднаков пристап до квалитетно образование за секое дете

Царовска по повод Меѓународниот ден за човекови права: Обезбедуваме еднаков пристап до квалитетно образование за секое дете

Правото на квалитетно образование е едно од најважните и неприкосновени права на секое дете, затоа како Министерство за образование и наука, создадовме политики и обезбедуваме инвестиции со кои го унапредуваме националниот образовен систем и го правиме достапен за секое дете, истакна Министерката за образование и наука Мила Царовска, по повод Меѓународниот ден на човековите права -10. декември.

„Училиштето нѐ учи за знаењата, но и за други многу важни нешта- за животот, за еднаквоста, за почитување на различностите. Врз основа на овие вредности градиме образование кое ќе создаде граѓани кои ги почитуваат сите човекови права, се почитуваат меѓусебно, се еднакви и слободни“, вели Царовска.

Министерката потсети дека во изминатата година и половина се направени крупни промени во обезбедувањето на квалитетно и инклузивно образование.

„Воведени се целосно нови наставни програми за прво и за четврто одделение, со кои се менува пристапот во наставата. Пристапот на учење преку критичко размислување, анализа и истражување го развива полниот потенцијал на секој ученик. За успешна реализација на новата Концепција која ќе се имплементира во наредните 5 година ги подобруваме условите за настава во училниците со обезбедување на потребните ИТ уреди, како што се интерактивни табли, нови наставни и нагледни средства, набавка на 260 кабинети по природни науки, и сé друго што е потребно“, вели Царовска.

 

Можете да прочитате

Во тек е јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија