Утрински Весник
Свет

Грција со ограничувања за лицата над 60 години кои не примиле трета доза

Грција со ограничувања за лицата над 60 години кои не примиле трета доза
Dik 300x250 mk

На сите граѓани над 60 години во Грција кои не примиле трета доза вакцина против Ковид-19 ќе им биде забранет влезот во затворени простории, почнувајќи од понеделник. Ова се однесува на лицата кои пред седум месеци ја примиле втората доза. Според новите мерки, од февруари се намалува и важноста на потврдата за прележан Ковид-19 од шест на три месеци.

Промените се однесуваат на сите кои се наоѓаат на грчка територија и за двете мерки, што значи дека се опфатени и туристите.

Сертификатите за оние над 60 години кои примиле втора доза вакцина пред седум месеци или повеќе, но не зеле трета доза автоматски ќе истекуваат. Ќе се воведе забрана за јадење во затворени простории, забава и спортување. Ќе им треба брз тест за пазарењето, но и за и патување со авион, брод или воз.

Станува збор за мерка која погодува најмалку 150.000 лица постари од 60 години кои не примиле трета вакцина во последните седум месеци по втората, соопшти грчкото Министерство за здравство.

Можете да прочитате

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни