Утрински Весник
Свет

Зеленски му заблагодари на Бајден за поддршката за Украина

Зеленски му заблагодари на Бајден за поддршката за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на својот американски колега Џо Бајден за, како што рече, цврстата поддршка за Украина против руските закани.

Во соопштението на украинското претседателство се наведува: „Зеленски го поздрави Бајден за неговата континуирана, цврста и силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на неговата земја“.

Бајден денеска телефонски разговарал со Зеленски повеќе од еден час. Во пораката објавена на „Твитер“, украинскиот лидер напиша дека двајцата разговарале за можниот формат за решавање на конфликтот во источна Украина и за текот на внатрешните реформи во Украина.

 

Можете да прочитате

Фронтекс: Речиси 110.000 нерегуларни преминувања на границите на ЕУ, пад од 29 проценти

ЕУ заплени танкер од „руската флота во сенка“

Над 2.000 мигранти пристигнаа на Канарските острови за 48 часа