Утрински Весник
Македонија

За 24 часа граѓаните испратиле 51 барање до електронската служба на Град Скопје

За 24 часа граѓаните испратиле 51 барање до електронската служба на Град Скопје

Активно функционира електронската адреса за комуникација на Град Скопје со граѓаните [email protected] како дел од програмата за отворен град 24 часа, информираат градските власти.

Од таму нагласуваат дека во првите 24 часа до Градот се испратени 51 барање од граѓани и истите се процесирани од градската администрација.

„Преку новата електронска адреса, граѓаните пријавуваат проблеми и барања, а најголем број од нивните пријави се однесуваат на проблеми поврзани со сообраќајот, инфраструктурата, комуналната хигиена, како и барања за поголема ажурност на секторските одделенија за даноци, урбанизам и целокупната градска администрација. Голем дел од барањата на граѓаните се веќе решени, а преостанатите се во процес на решавање“, се наведува во соопштението.

Градот Скопје на овој начин има намера да овозможи подобри услуги за граѓаните и транспарентност во работата.

Можете да прочитате

Бугарија нема да ја предаде Ива Михајлова – министерот ги нарече македонските власти „српски“

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична