Утрински Весник
Македонија

Уапсен 25-годишен струмичанец, расчистени четири кражби

Уапсен 25-годишен струмичанец, расчистени четири кражби

25-годишен струмичанец е уапсен а полицијата го сомничи за четири кражби на подрачјето на Струмица.

Имено вчера во 14.00 часот во с.Куклиш, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(25) од с.Ангелци, струмичко.

Тој се сомничи дека извршил три кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ и едно кривично дело „кражба“ на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица.

За случајот бил известен Јавен обвинител, а по негово документирање против Г.П. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Сообраќајка во Куманово: Мотоцикл заврши под автомобил

Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни

Поведена постапка за врсничкото насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички