Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за дрвокрадци од Струмица, дрвата и возилата одземени

Кривични пријави за дрвокрадци од Струмица, дрвата и возилата одземени

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, презеле засилени мерки за откривање и санкционирање на лица кои вршат бесправна сеча и превоз на огревни дрва, при што на планината Беласица биле запрени товарно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.М. (29) од село Банско, натоварено со бесправно исечени огревни дрва и моторно возило „лада“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (22) од село Свидовица, струмичко, исто така, натоварено со бесправно исечени огревни дрва.

Во рамки на преземените мерки и активности, на друга локација на планината Беласица, дополнително биле пронајдени 4 метри кубни бесправно исечени огревни дрва.

Дрвата и возилата се одземени и предадени на Шумската полиција Струмица, соопшти полиицијата.

За случајот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, а по негово целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе те фатат – пееш што ќе ти кажат: Таравари во скутот на Ахмети

Ева Заева со емотивна порака се збогува од Душко Чифлиганец

ВЛЕН: Денес државата реагира, не молчи како во времето на ДУИ