Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Ќерката на Ед Ширан му помогнала да ја најде својата цел надвор од музиката

Ќерката на Ед Ширан му помогнала да ја најде својата цел надвор од музиката
300x250 opst2

Поп-ѕвездата на топ листите ја има 15-месечната Лира со сопругата Чери, и откри дека девојчето му го променило животот.

Ед Ширан (30), кој се ожени со Чери Сиборм во 2019 година, беше гостин во  шоуто на Елен Деџенерeс каде рече: „Oткрив дека навистина немам цел надвор од музиката затоа што кога си давав одредено време без работа, чувствував дека не правам сè  затоа што сакам да се занимавам со музика. И да се биде татко всушност ми даде цел и нешто во животот што е всушност поважно од мојата работа“.

Ед е еден од најпродаваните уметници во светот, но татковството го опиша како најдоброто нешто што му се случило.

Хитмејкерот додаде: „Мислам дека има толку многу различни страни и форми во него. Има тешки денови, има лесни денови. Тоа е тобоган од емоции. Знам дека звучи како клише, но е неверојатно. “

Можете да прочитате

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел