Утрински Весник
Македонија

Деспотовски: Започнуваме со креирање на тимот на СДСМ – не ни требаат готови туку чесни кадровски решенија

Деспотовски: Започнуваме со креирање на тимот на СДСМ – не ни требаат готови туку чесни кадровски решенија

Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ го повикува членството но и сите граѓани да достават свои предлози за идните носители на функции во партијата, но и во државата.

„ Време е заедно да го креираме новиот тим на СДСМ. Ги поканувам сите членови на СДСМ, но и сите наши сограѓани да достават свои предлози за тоа КАКОВ заменик на Претседател, Генерален секретар и потпретседатели ни се потребни. Какви особини, карактер, биографија треба да имаат. На СДСМ и државата не и требаат готови, туку чесни и успешни кадровски решенија,“ порача Деспотовски.

„ Започнуваме со практична реализација на еден од основните столбови на #Концепт28. Лојалност кон луѓето, не кон лидерот“, напиша Деспотовски на неговиот официјален фејсбук профил.

Еден од главните принципи на програмата „Концепт 28“ на Деспотовски е воведување на директен избор на претседатели на општинска организација, кандидати за градоначалници, пратеници и повисоки партиски функции преку непосредно гласање на членовите.

Можете да прочитате

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда