Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Општинските раководства ќе се бираат непосредно, исто како и претседателот на партијата

Ковачевски: Општинските раководства ќе се бираат непосредно, исто како и претседателот на партијата

Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва оствари средба со членовите и активистите на СДСМ во Кочани каде пто се дебатираше за унапредување на внатрепартиската демократија.

Тој истакна дека развојот на демократијата е во директна корелација со унапредување на внатрепартиската демократија и тој како претседател ќе се залага секој член на партијата да има глас и моќ да избира и одлучува на локално ниво.

„За да ги избереме најдобрите и најпочитувани луѓе на локално ниво, потребно е членовите на партијата од секоја општина да може да бираат и да одлучуваат. Како иден претседател, ќе инсистирам локалните раководства, исто како и претседателот на партијата, да се бираат непосредно. Гласот на секој член и активист мора да биде слушнат и испочитуван“, порача пред членовите Ковачевски.

Тој рече дека СДСМ е единствена целосно дигитализирана партија која располага со систем за брзо непосредно гласање. Ковачевски рече дека идното раководство, доколку тој биде претседател, системот ќе го унапреди и користи за да им се овозможи на партиските членови да бираат локални раководства, но и да гласаат за други важни прашања на внатрепартиски референдуми.

„СДСМ е дигитализирана партија со ефикасен систем за брзо и исплатливо организирање внатрепартиски гласања и референдуми. Ова планирам да го унапредиме и користиме при носење на одлуките. В недела ја барам поддршката за да изградиме систем каде сечиј глас е слушнат и испочитуван“, заклучи Ковачевски.

Можете да прочитате

На Клиниката за онкологија во Скопјe не се изработуваат анализи на тумор маркери, пропаднал тендерот

Учество на министерот Муцунски на состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ 

Пораст на заболените од грип во државава