Утрински Весник
Свет

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот Бјеловар. Тој не доаѓал на работа од 16 ноември, бидејќи не сакал ниту да се вакцинира, ниту да се тестира.

Како што наведуваат од училиштето, на отказот му претходеле две предупредувања. Во училиштето бил вработен од 1 септември оваа година.

„ Причината за раскинувањето на договорот е несогласување со мерките, морам да кажам дека мојот колега не правеше скандали, не се закануваше, не доаѓаше на училиште, едноставно не се согласуваше со воведената мерка и не доаѓаше на работа од нејзиното воведување“, рече Дарио Малогорски, директор на училиштето.

„ Во оваа ситуација ова е најдоброто решение. Не можам да навлегувам во неговите принципи, но потенцирам, мојот колега беше навистина коректен, освен што не дојде на час, па моравме да организираме замени“, изјави директорот.

Училиштето ќе објави оглас за вработување на нов наставник.

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет