Утрински Весник
Магазин

Џони Мичел доби награда на Центарот Кенеди

Џони Мичел доби награда на Центарот Кенеди

Легендарната канадска пејачка Џони Мичел се појави во јавноста во неделата за да ја прими една од најпрестижните награди во американската уметност.

Претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден , исто така, присуствуваа на доделувањето почести во престижниот Кенеди центар во Вашингтон. Претходниот претседател Доналд Трамп ја прескокаше престижната уметничка церемонија по критките на одликувани уметници.

Во текот на настанот, неколку пејачи, вклучувајќи ги Нора Џонс и Британи Хауард, изведоа некои од класиците на Мичел.

Признанија добија и актерката Бет Мидлер и основачот на „Мотаун“ (Motown) Бери Горди.

Стиви Вондер ја предводеше четиричасовната гала на славни ѕвезди во Вашингтон.

Секоја година, Центарот Кенеди им оддава почит на кариерите и достигнувањата на уметниците кои помогнале да се обликува културниот живот во САД.

Можете да прочитате

Златко Муцунски се збогува со „Порше Македонија“ – Време е да свртам нова страница

Викенд хороскоп: На Биковите им треба мир, Вагите ги очекува важен разговор

Филмскиот и телевизиски проект за Тоше Проески ќе се снима во 2027 година, премиерата најавена за 2028