Утрински Весник
Спорт

Атанасов го спречи Ристовски да дели шлаканици

Атанасов го спречи Ристовски да дели шлаканици

Стефан Ристовски тешко го поднесе поразот во дербито со Хајдук. Екипата од Сплит забележа победа на „Максимир“ во Загреб (2:0). По завршувањето на натпреварот се случи инцидент, кој не беше нотиран во завршниот извештај, а во кој учествуваше Стефан Ристовски.

Хрватските медиуми известија дека Ристовски се обидел да се пресмета со еден од резервните фудбалери на Хајдук, кој влегол на теренот по завршувањето на натпреварот. Ристовски се обидел да му удри шлаканица, а во тоа го спречил соиграчот од репрезентацијата, Јани Атанасов.

На крајот ситуацијата ја смирил уште еден македонски репрезентативец, Аријан Адеми.

По дербито Хајдук го скокна Динамо на табелата. Екипата од Сплит има 33 бода на третото место. Динамо со натпревар помалку на четвртата позиција има 31 бод. Во Хрватска води Ријека со 36 бода, Осјек има бод помалку.

> Атанасов го спречи Ристовски да дели шлаканици <

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет