Утрински Весник
Македонија

Уапсен дрвокрадец од скопско

Уапсен дрвокрадец од скопско

Ввчера околу 06.40 часот, на место викано „Балван“, во атар на тетовско Мерово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ј.(34) од скопско Паничари.

Тој бил затекнат како без потребните документи сечел и со возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, превезувал огревни дрва.

Возилото, дрвата и моторнa пила биле одземени и предадени на Шумската полиција.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

МАТУСИТЕБ бара конкретни механизми за застапеност на турската заедница во институциите

Мицкоски: Во вторник ќе се знаат новите министри и ресорите во Владата

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?