Утрински Весник
Култура

Генерална проба на комедијата „Торонто експрес“ на 7 декември во МНТ

Генерална проба на комедијата  „Торонто експрес“ на 7 декември во МНТ

На 7 декември во 11 часот во МНТ, ќе се одржи генералната проба, а воедно и прес-конференција за комедијата „Торонто експрес“, работена според збирката есеи „Тибам штркот“ на авторот Зоран Спасов Ѕоф.

Ве покануваме да го проследите настанот, на кој освен што ќе може да ја погледнете дел од комедијата, ќе може да разговарате и со главниот актер Александар Микиќ кој го игра ликот на Божо Вампир, со авторот на текстот Зоран Спасов Ѕоф, како и со режисерот, Јордан Симонов.

Комедијата ‘Торонто експрес’ е работена според ‘Тибам штркот’, еден од најчитаните текстови во 2008 година и, како што вели авторот, делото е обид да се види Канада со македонски очи, но и да се доживее со космополитска душа, да се доловат измешаните чувства на љубов, среќа, тага, радост, носталгија.

Премиерата на претставата е закажана на 15 декември во МНТ.

(ПР-текст)

Текстот Генерална проба на комедијата „Торонто експрес“ на 7 декември во МНТ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“