Утрински Весник
Свет

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на однесувањето на Полска во ситуацијата со мигрантите на границата, каде, како што тврди, додаваат хербициди во водата која ја пијат мигрантите.

„Треба правилно и внимателно да следите што се случува на границата и што прават властите на соседната земја, во овој случај Република Полска“, посочи тој, пренесе РИА Новости.

„Па, не можете да ги поплавите луѓето, не само со вода, туку и да ставате хербициди и пестициди во водата, за да предизвикате изгореници и други сериозни повреди на мигрантите, вклучително и жени и мали деца“, рече Путин за време на разговорот со Рок.

Путин нагласи дека тоа воопшто не се вклопува во принципите на хуман третман на мигрантите.

„Колку луѓе веќе загинаа на границата. Таму се закопани.Тоа е катастрофа и треба да обрнете внимание на тоа“, нагласи Путин.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија