Утрински Весник
Свет

Во Романија откриени први случаи на омикрон кај две лица кои се вратиле од Јужна Африка

Во Романија откриени први случаи на омикрон кај две лица кои се вратиле од Јужна Африка

Првите два случаи на новиот сој на коронавирус – омикрон кај двајца Романци кои се вратиле од Јужна Африка на 30 ноември се откриени во Романија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Станува збор за жена (48) од Брашов и маж (59) од Васлуи, а се во изолација дома и немаат никакви симптоми.

Властите го истражуваат и третиот можен случај на варијантата омикрон, пренесува „Ројтерс“.

Во Романија денеска се пријавени 1.490 нови случаи на коронавирус, а починале 131 пациент.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела