Утрински Весник
Свет

(Видео) Автобус слета во река во Кенија, над 20 загинати

(Видео) Автобус слета во река во Кенија, над 20 загинати

Најмалку 20 лица загинаа кога автобус со членови на хорот на Католичката црква слета во река во Кенија.

Десет лица се спасени од автобус кој слета во реката Ензија во југоисточна Кенија, додека 20 тела се извлечени.

Според полицискиот командир, членовите на хорот отпатувале на свадба на еден од нивните членови.

До трагедијата, како што се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи, дошло поради надојдената река по која минувал автобусот, со панични врисоци на присутните.

Минатата недела имаше обилни врнежи во многу делови на источноафриканската земја, јавува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела