Утрински Весник
Свет

Секта од Панама уби бремена жена и шест деца – Осудени на 50 години затвор

Секта од Панама уби бремена жена и шест деца – Осудени на 50 години затвор

Судот во Панама на максимална казна од 50 години затвор осуди седум членови на една секта, кои убиле бремена жена и шест деца во ритуал на „егзорцизам“.

Претходно, уште двајца членови на сектата „Нова божја светлина“ беа осудени на по 47 години затвор, јавува АБЦ Њус , а пренесува Танјуг.

На 13 јануари 2020 година, тие поканиле голем број селани во нивната импровизирана црква, а според властите, ги тепале со палки и мачети, додека некои биле принудени да се соблечат и да одат по скара.

Можете да прочитате

Отворена истрага во САД за можно инсајдерско тргување со нафта во вредност од 2,6 милијарди долари за време на војната со Иран

Зеленски ги повика странските претставници да не присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина