Утрински Весник
Свет

Тензично во Виена – Протестите против ковид мерките ќе го блокираат градот

Тензично во Виена – Протестите против ковид мерките ќе го блокираат градот

Центарот на Виена попладнево ќе биде целосно блокиран поради бројните протести на противниците на мерките за Ковид и задолжителната вакцинација.

Полицијата соопшти дека ќе има 1.200 службеници за спроведување на законот на улиците, а пријавени се вкупно 27 протести.

Најголемиот собир се очекува на плоштадот Хелденплац, кој беше поканет од Партијата на слободата на Австрија (ФПО), како и пред две недели кога се собраа десетици илјади луѓе.

Беше објавен и митинг против „здравствениот фашизам“ пред австриската влада.

Овој пат, поворката од демонстранти нема да оди само низ улиците на строгиот центар на Виена, туку е регистриран еден собир со прошетка од Гиртл до Операта.

На централниот плоштад во Виена, Штефансплан, закажан е протест на повеќе групи против фашизмот поради влијанието на неонацистите во демонстрациите против мерките за корона.

– Со сето разбирање за стравот од вирусот, немаме разбирање за паролите кои го релативизираат холокаустот и се занимаваат со ревизија на историјата. Немаме разбирање за тие што чекорат зад десничарските транспаренти – велат организаторите.

Овојпат поради овој протест полицијата ќе мора да направи тампон зона меѓу учесниците на разни собири и на тој начин да ги спречи нивните конфликти.

Бидејќи на социјалните мрежи постојано кружат закани за напади врз болниците поради вакцинација, полицијата го засилила надзорот на тие објекти, како и на другите критични инфраструктури.

Можете да прочитате

Отворена истрага во САД за можно инсајдерско тргување со нафта во вредност од 2,6 милијарди долари за време на војната со Иран

Зеленски ги повика странските претставници да не присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина