Утрински Весник
Македонија

Османи на средба со Донфрид: Како сојузници во НАТО ќе ги зајакнеме односите во безбедноста

Османи на средба со Донфрид: Како сојузници во НАТО ќе ги зајакнеме односите во безбедноста

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес на маргините на Министерскиот состанок на НАТО, во Рига оствари билатерална средба со помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид.

На средбата било разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, соработката во НАТО, eвро-атланските перспективи на Северна Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.

„САД е наш долгогодишен стратешки сојузник и партнер. Како сојузници во НАТО, фокусирани сме да ги зајакнеме односите во областите на безбедноста, одбраната, демократското функционирање на институциите, борбата против глобалниот тероризам, слободната пазарна економија и да ги прошириме можностите за деловните активности на двете земји“, истакна Османи.

Соговорниците заемно ги оцениле билатералните односи меѓу двете земји како исклучително блиски, засновани на стратешко партнерство и соработка и се договориле во претстојниот период посветено да работат за натамошно унапредување на дијалогот и соработката во сферите од заемен интерес.

Можете да прочитате

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син

Детали: Од „аудито“ не остана речиси ништо – загинаа братче, сестричка и нивната баба во Словенија