Утрински Весник
Магазин

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон се фотографираа со турист за време на појадок во хотел

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон се фотографираа со турист за време на појадок во хотел
Img 5587

Утринско застанување за топол напиток во Лос Анџелес се покажа како случајна средба со Ким Кардашијан Вест и Пит Дејвидсон за еден среќен турист.

Холандскиот музички новинар Пол Баревијк, кој бил на кус одмор во Лос Анџелес викендот по Денот на благодарноста, разгледувал вили и луксузни продавници на Беверли Хилс кога случајно налетал на парот и ја искористил шансата да направи неколку фотографии со нив.

Img 5587

Баревијк раскажува за „Пипл“дека налетал на парот во хотелот „Беверли Хилс“ во саботата наутро. Тој пиел утрински чај и разговарал на телефон со мајка му во барот на хотелот. Прво го забележал Дејвидсон, комичарот на Saturday Night Live (28).

„Разговарав со мајка ми на мојот мобилен и сфатив дека Пит седи десно од мене. Потоа се запрашав: со кого зборува? Затоа што, запознаен сум со најновите гласини, тогаш ја видов и Ким“, рече Пол.

„Изгледаа среќни и седеа еден до друг. Решив да го скршам мразот, ѝ покажав неколку селфиња што ги направив пред нејзината продавница „Скимс“ и потоа тројцата се фотографиравме заедно, а првата беше со неа,“ вели Холанѓанецот.

Фотографиите ги објави на својот Инстаграм-профил и доби спомени од патувањето кое сигурно долго ќе го памети.

Ss1

Можете да прочитате

Ова се работите кои привлекуваат лоша среќа во вашиот дом

Швеѓанец возел Тесла и заспал, му требале 40 км за да се разбуди

Светските богаташи даваат 465.000 евра на „ултра ексклузивни“ пакети за Олимпијадата во Париз